English Srpski Македонски 20. 04. 2024.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

FAQ - Често поставувани прашања


 


Која е разликата помеѓу DEMO и LIVE налогот за тргување?


Првенствено разликата е во тоа што вашиот капитал не е загрозен. Преку International Trading School demo налогот можете да го следите пазарот во реално време со промените кој настануваат во однос на квотите и графиконите, заедно со сите основни алатки и голем број од информации кои ви се потребни за тргување, а до кои ќе можете лесно да дојдете како клиент на International Trading School. Во оваа услуга, исто така, се вклучени и поединечни или врзани налози, со следење на промените во реално време, истражувања на дневен и месечен ниво и многу други услуги. Резултатите кој ќе ги постигнете на вашиот Demo налог се хипотетички и не се репрезентација на профитот и загубата кои можете да ги имате на други налози. Условите на Demo налогот неможат секогаш да влијаат подеднакво на пазарот, како што можат тоа да го прават Live налозите.
Кога отварате Live налог, реализирате сметка, вие имате поширок пристап на ексклузивни содржини кој се генерираат на дневен ниво, како и пристап до напредни графиконски прикази овозможени од страна на International Trading School во соработка со Forex.com и други соработници.

 


Како можам да го обновам својот Demo налог за тргување?


За да го обновите вашиот налог после истекот по 30 дена, едноставно контактирајте не на +389 (2) 2727-899 или кликнете на копчето за live chat за да разговарате со претставник од компанијата.

 


Колку пари ми требаат за да отворам налог?


Минималниот депозит за отварање на стандарден налога е 1800€ односно $2500 односно £2,500. Минимум за големина на трансакција во износ од 100,000 и има левериџ од 100:1.

Минималниот депозит за отварање на мини налог изнесува 180€ односно $250 односно £250. Минимум за големина на трансакција во износ од 10,000 и има левериџ од 200:1.
 


Како можам да отворам налог преку International Trading School?


Отварањето на сметка е навистина едноставно. Едноставно исполнете ги следните три чекори.

Напомена: Ние сме претставници на Forex.com, вашите информации ќе им бидат проследени.
 

1. Пополнете го формуларот

Можете да отворите налог ОВДЕ или да направите download за сите потребни формулари од нашиот сајт.

2. Внесете ги вашите лични информации

U.K. Резиденти: За вас не е потребно да додавате додатни информации.
Резиденти надвор од U.K.: Ве молиме приложете две (2) врсти на документи за идентификација, вклучувајќи една (1) фотографија ID( пасош или некој друг документ издаден од страна на некоја државна институција за доказ на националност или сличен документ кој содржи слика во прилогот) и еден документ за доказ на адресата на живеење приложена во апликацијата (може да биде сметка, возачка дозвола и слично). Документацијата е потребна за сите корисници на налозите.


Докумантацијата може да биде проследена преку факс или e-mail.
Факс: +44 (0) 20 7236 4870
Email: [email protected]
Пошта:
FOREX.com
Attn: New Accounts
23 College Hill, 3rd Floor
London, EC4R 2RT

3. Реализирајте го вашиот налог

Кога вашата сметка е отворена, постојат два начина како можете да префрлите средства на него:
• Преку Кредитна картичка
• Електронски трансфер (Wire Transfer)

 


Кој е најдобар начин за достава на документацијата за нов налог?


Најбрз начин за испорака на вашата документација е преку факс или е-mail. Документацијата треба да биде доставена преку факс на бројот +44 (0) 20 7236 4870 или да се проследи преку е-mail на [email protected]. Доколку резолуцијата не е доволно јака или факс машината е стара, во тој случај се јавуваат потешкотии при читањето на истите. Доколку немате пристап до факс машина која е од висок квалитет, можете да ги скенирате документите и потоа да ги испратите преку е-mail. Доколку немате пристап до факс или скенр машина, тогаш документите можете да ги доставите преку пошта:
FOREX.com UK Ltd.
Attn: New Accounts
23 College Hill, 3rd Floor
London, EC4R 2RT

 

 


Како знам дали е мојот налог отворен?


Кога вашиот налог ќе биде реализиран, ќе ви биде испратен информационен е-mail со вашиот username и детални инструкции за пристап кон вашиот налог. Ве обавестуваме дека вашиот username ќе ви биде јавен веднаш откако ќе заврши процесот на верификација и одобрување на документацијата.
 

 


Како да вложам средства на мојата сметка (налог)?


Постојат два едноставна начина за трансфер на средства на вашата сметка.
 

  • Кредитна или дебитна картичка – Најбрз начин за трансфер на средства.
  • Електронски трансфер (Wire Transfere) – Средствата ви стојат на располагање 1-2 дена по уплатата


>>ДЕТАЛИ НА ПЛАЌАЊЕ<<

 


Како можам да повлечам средства од својата сметка?


Клиенти кој индивидуално раководат со својте сметки, ве молиме одете на MyAccount.

Доколку некој друг управува со вашата сметка , кликнете ОВДЕ за да поднесете барање за повлекување на средства.

MetaTrader 4 корисници:  ФОРМА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

ForexTrader Pro и VT Trader 2 корисници: ФОРМА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Барање за повлекување на средства преку електронски трансфер плаќаат провизија од £15или во ист валутен однос преку друга валута.

Барањата за повлекување на средства се процесуираат за 2 работни дена од денот на поднесувањето.

 


Што се смета за трето лице?


International Trading School and FOREX.com нема да прифатат уплаќање на сретства и барање за исплата од трето лице. Името кое се наоѓа на налогот или сметката за тргување мора да биде идентично како и името на барањето поднесено за повлекување или дополнување на средства. Ова исто така се однесува и на (но не е и лимитирано) името на банковната сметка дококу не е со дознака од International Trading School или FOREX.com сопственик на сметка, бизнис сметка и сметка со полномошна дозвола на FOREX.
 


Дали можам да се бавам со оваа професија иако немам предзнаење и искуство?


Како и во секоја друга работа, за да бидете успешни мора да ја совладате теоријата и праксата. Во тргувањето праксата е далеку поважна, затоа што не може да се научи од книги. Важно е да разберете дека трговец не се станува преку ноќ, смета јте дека ви треба да уложите минимум 3-12 месеци во изучување. За оние кои нема да го стават во прв план знаењето и напорната работа, како предуслов за почеток на професијата на тргување, може во најбрзо време да дојде до тотална загуба на инвестиците и самодовербата. Меѓутоа, во овој бизнис, ако сте упорни, тргувањето може да биде еден од најубавите нешта што ви се случиле во животот и може да ви овозможи да ги постигнете и вашите најголем финансиски цели. Еден пример е Г-дин Сорош кој поголемиот дел од своето богатство го стекнал преку FOREX тргување.


Дали ова може да ми биде дополнителна работа?


Апсолутно. Повремено бавење со оваа работа на пример по неколку часа дневно, може да биде исклучително профитабилна. Со цел да бидете успешен "part time" трејдер мора да одвоите најмалку 3-4 часа дневно ангажирање околу пазарот. Многу е важно да се разберете дека пристапот на работата не е помалку сериозен иако тоа е помалку часа на ден, туку е само прилагоден со стратегиите и времето во склад на кои работите.
Колку пари ми се потребни за да можам да почнам да се бавам со оваа професија?
За некој да може да се бави со овој бизнис, мора да има бизнис план, треба да имаат доволно пари за да се покријат трошковите за нивното образование и трошоците за живеење за четири месеци. Доколку некој почне со помислата дека преку ноќ ќе почнат да остваруваат профит и дека се потребни само неколку недели да стане успешен трговец , тој се лаже. Трговецот кога е под притисок тој е вознемирен, нервозен и ретко кога се донесуваат правилни одлуки, кои обично претставуваат голем проблем. Исто така треба да знаете дека за почеток треба да тргувате со толку пари колку сте спремни да изгубите, а тоа да не претставува проблем во нивниот живот. Само така ќе можат да се натпреваруваат со успешните трговци кои храбро влегуваат во некој трејд, токму поради тоа што е претходно испланиран, без разлика дали тоа ќе биде успешно или не.

 


Колку години треба да имам за да можам да се бавам со оваа професија?


Постои голема заблуда во однос на возраста и бавењето со берзата или со овој бизнис. Повеќето луѓе мислат дека оваа работа ја работат само оние на возраст помеѓу 20 и 30. Она што е важно да се разбере е дека со овој бизнис може да се справи секој човек на возраст од 18 до 70 години и повеќе, кој е во состојба соодветно да одговора на барањата наметнати од страна на нивните стратегии за трговија. Во берзанската дејност, постојат стратегии кои бараат секојдневна активност и постојат оние поради кои е потребно да се одвојат неколку часа неделно или месечно. Во секој случај битно е да се разбере дека успехот во трговијата не зависи од годините, туку од усогласување со својата стратегија со вашите способности, желби и можности.

 


Кои се ризиците во овој бизнис?


Ризикот во овој бизнис е тоа што можеби не сте доволно силни за да истраете и да ги промените вашите аутодеструктивни навики и да ги усвоите оние кои ве прават да бидете успешни. Заедно со тоа оди и се друго што ризикувате, како што се време и пари кој можете да ги изгубите во процесот. Ризиците во овој бизнис се одредени од страна на вашата стратегија за трговија и ако не сакате да одите во висок ризик и не можете да имате што да ризикувате.

 


Дали е ова стресна работа и дали влијание врз семејниот живот?


Секој бизнис кој се работи со затворени очи и без бизнис план е голем стрес. Тоа е карактеристично за коцкањето и секој кој се занимава со овој начин на тргување веројатно е дека ќе ги изгубат и парите и семејството. Што е карактеристика на секој успешен трговец ? Тоа е дека тој е секогаш свесен за потенцијалните ризици и губење на својата позиција и тоа е единствено нешто што тој може и мора да планира и контролира. Тоа претставува една врста месечна цена за полисата за осигурување. Доколку планирате да имате загуба во оквирот на вашиот буџет, во тој случај нема потреба од стрес, туку само спроведувајте го вашиот бизнис план. На вас останува да станете добар трејдер и да работите по васиот бизнис плани да ги препознавате ситуациите во кои треба да ги инвестирате својте средства и кога е тоа потребно да останете истрајни, затоа што потенцијалната добивка не оправдува потенцијална загуба. Како што знаете, без ризик нема ни добивка, а на вас е да сето тоа го ускладите по васа мера.

Во секој случај, трејдинг може да биде убава работа доколку вашиот трејдинг бизнис го правите со ладна глава и пред да почнете да тргувате, така ви е многу поедноставно да го спроведувате васиот бизнис план кога нема големи изненадувања или стресови.

Тргување на девизниот пазар носи ризик од губење на средства кој може да биде и поголем од почетниот улог. Ова не е погодно за сите инвеститори и потребно е да ги разберете ризиците кој постојат во целост, како и, доколку е тоа потребно, да се обратите за стучен совет и мислење.

 

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map