English Srpski Македонски 10. 10. 2025.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

ЛЕВЕРИЏ И МАРГИНИ НА НАФТАТА


 

Левериџ кај договорите за нафта

Левериџ на International Trading School за Brent Crude (UK OIL) и договорите за West Texas Intermediate (US OIL) се поставени на 100:1. Тоа значи дека за секој 1 долар кој го имате на вашата сметка, имате можност да купите или продадете нафта во вредност од 100 долари. Левериџот го зголемува ризикот на целокупното тргување.

Како маргините функционираат во трговијата со нафта

Маргината е паричен износ кој мора да го имате на вашата сметка како би можеле да отворите позиција. Доколку е левериџ 100:1, факторот на вашата маргина е 0,01. Тоа значи дека во секој случај на вашата сметка морате да имате готовина во минимален износ од 1% од вкупната вредност на позицијата на која тргувате. На International Trading School вашиот ризик е ограничен со износот на депозит кој го имате кај нас. Не постојат „маргин колови„ така да, во случај нивото на вашата сметка да падне под тоа што маргините го бараат, ние автоматски ќе ги затвориме вашите позиции, како би се осигурале да не изгубите повеќе сретсва од сметката одколку што на неа имате.

Примери:

Моменталната цена на West Texas Intermediate нафтата котирана како US OIL e 51,55 долари.
Сте купиле 1 лот (100барели) по цена од 51,55 долари.
Барањето на вашата маргина е 1% од вредноста на вашето тргување и се пресметува следниот начин:
Вредноста на тргувањето х цена х фактор на маргината
100 барели х 51,55 х 0,01= 51,55 долари

Пресметка на профит и загуба

Ова пресметување е многу едноставно.
Најмалиот раст на цената на нафтата е 0,01. Најмалото тргување кое може да се изврши е 1 лот (100 барели). На ова ниво секој pip вреди 1 долар.

При промена од 52,55 на 52,85 разликата е 0,30 или 30 pip-а. Доколку тргувате со 1 лот, а секој pip вреди 1 долар, вашиот профит или загуба изнесува 30 долари.

Доколку тргувате со повеќе лотови,нивниот број се множи со вредноста на секој pip. Тоа значи дека доколку тргувате со 5 лота секој pip ќе вреди 5 долари.

 

 

PrethodnoДвигатели на пазарот со нафта
Истекување на договорот со нафтаNext

Оригиналниот текст е превзамен со дозвола от Forex.com. Адаптација - International Trading School d.o.o. Белград 

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map