English Srpski Македонски 10. 10. 2025.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

Нафтени квоти


Како да ги читате нафтените квоти?

Читањето на нафтените квоти е слично како читањето на Форекс квотите.Се претставува на ист начин како што UKOIL го прикажува Brent Crude во однос на доларот или како USOIL го прикажува West -Texas Intermediate во однос на доларот.

На меѓународните пазари цената на нафтата се котира во USD по барел. Квотата од 45,50 за UKOIL значи дека 1 барел Brent Crude нафта вреди 45,50 долари.
 

BID, ASK И SPREAD

 

Како и на останатите пазари,квотите со нафта,спот на злато и форекс квотите се состојат од два дела:
BID цена по која продавате;
ASK цена по која купувате;

Разликата помеѓу bid и аsk се нарекува spread.

 

Тргување со нафта,користејќи UKOIL како пример

 

Типична квота која може да ја примените за UKOIL е 50,55/62.Тоа значи дека можете да продадете еден или повеќе лотови на UKOIL по цена од 50,55 или да купите по цена од 50,62. Spread - от кој би го платиле во овој пример е разликата помеѓу BID и АSK цената и изнесува 0,07.

Големината на извршениот трејд ќе го одреди износот на вашиот профит или загуба во зависност од движењето на цените. Најмалиот износ на UKOIL со кој можете да тргувате на FOREX.com е 1 лот што претставува 100 барели.Најмалата можна промена на цената на лотот е (0,01) 1 долар.

 

Да ги погледнеме следниве примери:

 

Пример 1:

Сте купиле 1 лот UKOIL по цена од 50,55. Неколку минути подоцна, bid цената пораснала на 50,90 и вие одлучувате да излезете од трејдот. Сте купиле 1 лот по цена од 55,50 и сте го продале 50,90 и така направивте 45 пип-а. Профитот во овој трејд се смета како 45 пипа по цена од 1 долар= 45 долари.

Пример 2:

Сте купиле 1 лот UKOIL по цена од 50,55. Неколку минути подоцна,bid цената паднала на 50,20 и вие одлучувате да ја затворите својата позиција и да ја намалите загубата.
Сте купиле 1 лот по цена од 50,55 а сте продале по цена од 50,20 при што разликата изнесува 35 пипа. Вашата загуба се пресметува како 35 пипа по цена од 1 долар= 35 долари

 

PIP или POINT?

 

Како што е случај со спот цените на металите и цените на forex.com, цените на нафтата се котираат во многу мали единици кои ги нарекуваме „points„ или pip (percentage in point). Pip е второ децимално место на нафтената квота. Секој pip има вредност од 1 американски цент.

Кога ја пресметуваме вредноста на тргувањето, треба да се има на ум дека со нафтата се тргува во лотови од по 100 барели. Тоа значи дека движењето на цената на нафтата од 1 pip (1 cent) претставува промена од 1 долар по лот.

 

PrethodnoТргување со нафта
Двигатели на пазарот со нафтаNext

Оригиналниот текст е превзамен со дозвола от Forex.com. Адаптација - International Trading School d.o.o. Белград 

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map