English Srpski Македонски 10. 10. 2025.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

Економски индикатори


Што се економски индикатори?

Економски индикатори претставуваат кратки изводи од финансиски и економски извештаи кои редовно се објавуваат од страна на владините агенции и приватниот сектор. Тие им помагаат на пазарните аналитичари да ги пратат движењата на пазарот и закључоците до кои тие доаѓаат будно ги пратат практично сите учесници на финансискиот пазар.
Со оглед на тоа дека голем број на луѓе е спремен да одреагира на истата информација, економските индикатори имаат исклучително влијание на обимот и правецот на движење на цените. Иако на прв поглед делува како да ви е потребно високо економско образование за да можете прецизно да ги анализирате овие податоци, трејдерите пратат само неколку насоки како би донеле некоја одлука.

Означете го вашиоѕ економски календар

Морате да знаете точно кога се објавува секој од економските индикатори. Календарите можете да ги најдете на сајтот New York Federal Reserve Bank. Корисниците на FOREX.com можат едноставно да се регистрираат на MyAccount и да кликнат Economic Calendars.
Овие календари ви помагаат да ја усмерите вашата трговина во складот со важните случувања како и да разберете некој нејасни промени во цените. Замислете ја следната ситуација: понеделник наутро, претходните 3 недели американскиот долар бил многу нестабилен, поради што многу трејдери ги држат својте позиции во шорт. Во петок се објавува извештај од страна на американската влада кој се однесува на вработеноста. Доколку е овој извештај ветувачки за трејдерите тие можат да почнат да излегуваат од својте шорт позиции пред петок што би резултирало со краткорочен раст на цените на акциите во ЦАД.

Каков значај имаат овие податоци над економијата?

Не морате да бидете упатени во секоја последица која се објавува во овие извештаи, меѓутоа е потребно да ги уловите конците и да ги сватите клучните елементи од извештајот и нивниот значај во економијата. На пример, потребно е да знаете кој индикатори го мерат економскиот раст (раст на бруто друштвени производи - BDP) а кој раст на инфлацијата( индекс на производствени цени - PPI, индекс на потрошувачки цени - CPI.
 

На движењето на цените на пазарот не влијаат сите економски индикатори

Некој индикатори под одредени услови често се пратат и земаат во обзир , при тоа, тие индикатори можат да се менуваат. На пример, доколку инфлацијата не е битен фактор кога е одредена земја во прашање, меѓутоа постој доза на несигурност при нејзиниот економски раст, на трејдерите нема да им бидат толку важни податоците за инфлацијата, туку ќе се фокусираат на податоците за вработеноста или на бруто друштвените производи.
 

Обратете внимание на неочекуваното

Некогаш очекувањата на пазарот имаат по голема важност од самите податоци. Доколку се објави некој извештај кој неочекувано се разликува од она што предвиделе економските аналитичари, тоа може да влијае на нестабилноста на пазарот, а со тоа и на самото тргување. Немојте да брзате тогаш кога економските индикатори ќе кажат нешто спротивно од вашето очекување. Секој нов економски индикатор содржи во себе ревизија на претходно објавените податоци. На пример:
 

Немојте да се загубите во деталите

Многу е важно да разберете дека трејдерите мораат да ги одберат оние податоци кој им служат за донесување на мудри трговински одлуки.
На пример, многу нови трејдери површински читаат ,, non-farm payrolls“ извештаи, претпоставувајки дека е отварањето на нови работни места клучно за економскиот раст. Искусните трејдери детално ги прегледуваат овие извештаи кој имаат најголемо влијание на пазарот.
Слично на тоа, индексот на произведувачките цени се мерат со промените на цените на произведувачите, меѓутоа трејдерите го гледаат овој показател често не земајќи ја во обзир храната и енергијата како двигател на пазарот. Податоците во врска со храната и енергијата ааможат да бидат доста несигурни и потребно е често да се ревидираат како би се користеле како прецизен фактор при процената на нивното влијание на промената на цената.

Секоја трговина има две лица

Веруваме дека сте го сватиле значењето на следењето на економските индикатори и дека ви е сега јасно кој се тоа податоци можат да извршат најголемо влијание на движењата на пазарот и трувањето на валутите.
Запомнете дека трејдер неможе да знае се во секој момент. Можете да бидете одличен експерт за сите прилики во САД, меѓутоа постојат моменти кога европските и австалиските извештаи можат да бидат од пресуден значај за пазарот со валути. Затоа е важно да пред секоја трговина добро да ги анализирате сите аспекти од трејдот како би били спремни на се.


Економски индикатори: витални знаци на секоја валута
 

Трејдерите ја мерат економската стабилност и сила на некоја земја (со самото тоа и нејзината валута) преку нејзините економски индикатори, меѓутоа исто како и кога доктор ги следи виталните знаци кај пациентот, не се сите со ист значај. Сега ќе наведеме некој од нив кој се клучни економски индикатори кој често влијаат на тргувањето со валутите.

Економските индикатори можат да се поделат на водечки и придружни или пратечки :


• Водечки индикатори се економски фактори кој се менуваат ПРЕД да тргне економијата да следи некој тренд. Тие служат за предвидување на промените во некоја економија.
• Придружни или пратечки индикатори се економски фактори кои се менуваат ПОСЛЕ или одкако економијата ќе тргне да следи некој тренд. Тие се користат за да потврдат промени во некоја економија.
 

Главни економски индикатори

Бруто на домашни производи (BDP)

Претставува збир на сите добра и услуги кои се произвеле било од страна на домашни или странски компании. BDP укажува на ритамот по кој се одвива економскиот раст или пад на некоја држава и се смета за најширок индикатор на економскиот раст.

Индекс на деловна активност (PMI – Pucrhasing Manager's Index)

Овој индекс се објавува на месечно ниво и содржи податоци за новите порачки, производство, временска достава на добра, инвентари, цени, вработување, налози за увоз и извоз. Се дели на произведувачки и непроизведувачки под-индикатори.

Индекс на потрочувачки цени (CPI - Consumer Price Index)

Просечниот ниво на цената која ја плаќаат градските потрошувачи (80% од популацијата на земјите („majors“) со главните валути) за потрошувачките корпи. Ја следи промената на цената во преку 200 категории.
CPI исто така содржи бројни такси кој се дирекно врзани за цените на добрата и услугите.
 

Трајна роба

Налозите за трајната роба се мерат со нови налози кој ги поставуваат домашните произведувачи за моменталната и идната испорака на фабрички робни суровини. Трајна роба претставуваат производи кои траат подолго од 3 години.
Компаниите и произведувачите понекогаш ја одлагаат куповината на трајната роба во текот на тешките економски ситуации – така да оваа бројка е корисна мера за одредена врста на потрошувачко внимание.

Индекс на вработување (ECI – Employee Cost Index)

Списокот на запослени претставува мера за број на работни места во големите компании во преку 500 различни индустриски области во САД. ECI мери број на вработени кој работат на цело или половина работно време во државните и владините институции.

Изградба

Овој индекс го мери бројот на стамбени објекти кој е започнат да се гради секој месец.
Секторот за градење е еден од првите кој реагира на промената на каматата. Значајни промени се случуваат во бројот на издадени дозволи за градба како одговор на промената на каматните стапки, сигнализираат дека каматните стапки се приближуваат кон нивниот врв. За анализа, потребно е да се фокусирате на процентот на нивото на промена во однос на претходниот месец. Овој извештај се објавува најчесто кон средината на следниот месецот.

  

PrethodnoДвигатели на FOREX пазарот

Оригиналниот текст е превзамен со дозвола от Forex.com. Адаптација - International Trading School d.o.o. Белград   

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map