English Srpski Македонски 10. 10. 2025.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

Фигури во техничката анализа


Во минатите лекции зборувавме за фундаметалната и техничката анализа.

Фигурите во техничката анализа претставуваат облици кој се препознаваат на графиконите со цени и кој трејдерот сам може да црта со повлекување на линии кој спојуваат две одредени точки. Фигурите се едноставно трагови кој ги оставаат луѓе за време на својте реакции во различни ситуации. Техничката анализа, покрај останатото, се основа на еден важен факт, а тоа е дека човековата психа не се менувала многу низ вековите и доколку добро се запознаеме со тоа како луѓето реагираат на страв и алчност , можете со голема веројатност да ги предвидиме нивните реакции. Доколку сега земеме во вид дека главните учесници на сите пазари се луѓе а не машини, тогаш доаѓаме до заклучокот дека всушност се тргува , не со роба и финансиски инструменти туку со човековата психологија. Доколку најдеме начин да препознаеме како луѓето ќе реагираат на пазарот, се сложувате дека тоа може да ви помогне да бидете успешни во предвидувањето на пазарот.

Анализа на фигури

Една од алатките кој ги користиме во техничката анализа за добивање на сигнали за тргување, односно за препознавање на профитабилен психолошки момент на пазарот, се фигури или како што се викаат на англиски patterns. Анализата преку фигури се состои од тоа да тие прво треба правилно да се препознаат, потоа да се нацртаат, да се одредат важни нивои или места на пробивање на тие фигури, што ни претставува сигнал за трговина. После анализата доаѓаме до заклучок што треба да правите и кога (дали да купите или продавате, колкав ризик би требало реално да сносите и колкав потенцијален профит можете да очекувате). Секоја фигура сама по себе претставува една комплетна стратегија за тргување во која ги имаме сите потребни елементи за процесот на тргувањето. Постојат различни фигури, меѓутоа тие генерално се делат на две категории: фигури на пресврт на трендот и фигури на продолжување на трендот. Во овој текст ќе ја прикажеме фигурата која го сменува трендот, а нејзиниот назив е глава и рамена (Head and Shoulders). Фигурите кој го менуваат трендот ни говорат дека е поголема веројатноста дека трендот на цената после пробивањето на одредени важни линии фигурата може да се промени и да оди во спротивниот правец од трендот кој и претходел на таа фигура.

Head and Shoulders – а не е шампон

Head and Shoulders figuraСлика 1 ни прикажува облик на фигурата head and shoulders. Во превод, оваа фигура ни претставува глава (head), која се наоѓа во средината со најголемиот врв и два рамена (shoulders), кој се наоѓаат од левата и од десната страна на главата, чии врвови се пониски од врвот на главата.
На сликата можеме да видиме дека трендот кој и претстоеше на оваа фигура е растечки, така да оваа фигура претставува потенцијална промена на трендот надоле по пробивањето на важната линија која ја цртаме спојувајќи точки од дното на левото и десното раме. Оваа која ги спојува точките на дното на двете рамена се вика вратна линија или на англиски neck line (на сликата 1. Е претставена со црвена боја). Кога ќе ја препознаете и нацртате оваа фигура, би требало да знаете кои точки на пробивање ви претставуваат сигнал за влез во трејд. Сигнал за влез во трејд ви претставува моментот на пробивање на десното раме низ линијата на вратот и тоа е на сликата 1. означено како S1 точка. Буквата ,,S” значи да влеземе во short позиција по пробивањето на линијата на вратот.
Постој уште еден сигнал за влез во short позиција на оваа фигура а тоа е доколку цената се пробије до точката S1 и се врати назад на линијата од вратот, меѓутоа сега од долната страна и се одбие од линијата на вратот. По одбивањето од линијата на вратот, добиваме уште еден одличен сигнал за влез во short позицијата (тој на сликата е означен како S2).
 

Влезеш, излезеш и можеби си заработил

Во тргувањето е важно да знаеме каде би требало да влезете, меѓутоа што е уште поважно да знаете каде да излезете доколку ситуацијата не се одвива по планираното. Одредувањето на стоп налогот се врши така што стоп налогот го поставувате на 5 пипови преку линијата на вратот, а доколку е претходниот врв на рамената на далечина од нашиот влез до 20 пипови тогаш е многу посигурно да ставите стоп налог преку претходниот врв. Значи, тоа е ризик кој сте спремни да превземете за овој трејд и секој поголем ризик од овој е непотребен затоа што фигурата ќе се оствари по планот кој сте го предвиделе, а доколку не се оствари тогаш вас не ве интересира во кој правец ќе продолжи движењето на цената затоа што сте безбедни со вашиот стоп налог и пазарот неможе да оди против вас неконтролирано. Покрај стоп налогот треба да одредиме и колкав е потенцијалот на овој трејд и што можеме да очекуваме да се случи на пазарот. Потенцијалот на оваа фигура го мерите така што повлекувате линија од врвот на главата вертикално до линијата на вратот и добиената долга ни претставува потенцијал на овој трејд, односно точно ново на цена до кое можеме да очекуваме да се промени пазарот. Лимит профит налогот или, кој исто така го викаме и фиш налог, го поставуваме малку пред максималниот потенцијал кој сте го проектирале за да бидете посигурни дека ќе се оствари. Доколку исправно сте ја направиле анализата, сте ја препознале фигурата и правилно сте ги подвлекле сите линии, потоа сте отвориле позиција на време на проектираните точки S1 или S2 и сте поставиле стоп налог за заштита од ризик и фиш налог за остварување на профит, можете да се отпуштите и да го следите развојот на ситуацијата. Доколку сте активен трејдер можете да применувате некој од техниките за менаџмент на позиции додека гледаме како се развива ситуацијата, дококу не сте пред мониторот тоа е се што треба да сторите.

На сликата 2. Е претставена ситуација за валутниот пар EUR/USD на временските интервали од 10 минути каде јасно можете да видите фигура со глава и рамена, пробивање на линијата на вратот, влез во позиција на S1 и потенцијален влез на S2 местото. Исто така, означено е и местото на поставувањето на стоп налогот, а со зелената линија е претставен потенцијалниот профит. Во овој трејд сте можеле да остварите профит од околу 2.000 USD и за тоа би ви било потребно да почекате околу 20 минути, ако сте во точката S2 или 90 минути доколку сте влегле во точката S1.

<<Содержение<<                              Следно: >>Куповина и продажба со помош на налози>>

Целиот материал на овај сајт е сопственост на компанијата International Trading School d.o.o. и неможе да биде користен без дозвола.Тргување на девизниот пазар носи ризик од губење на средства кој може да биде и поголем од почетниот улог. Ова не е погодно за сите инвеститори и потребно е да ги разберете ризиците кој постојат во целост, како и, доколку е тоа потребно, да се обратите за стучен совет и мислење.

 

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map