English Srpski Македонски 10. 10. 2025.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

Индикатори во техничката анализа


Ако сте го совладале читањето на графиконите и свеќичките кој ги опфативме во претходната лекција , можете постепено да почнете да се запознавате со првите чекори во техничката анализа.

Ако внимателно ја анализиравте претходната лекција , веројатно заклучивте дека трендот е вашиот најдобар пријател при тргувањето. Составни дел од техничката анализа е анализата со индикатори која се базира на историјата на цените. Индикаторите можат да се фокусираат на калкулирање на различни параметри, земајќи ја во обзир цената во минатото, волуменот и времето. Генерално гледано, најголем број на индикатори се базира на историската цена и како такви се базираат на истата основа, што ни кажува дека не се суштински исти, туку само ни прикажуваат ист предмет од различни аголи.

Основни индикатори

Индикаторите треба да ги прифатите како еден вид на алатка во тргувањето, меѓутоа никако како некоја волшебна формула која ни кажува каде и кога треба да купуваме или продаваме валути. Тие служат како индикатори и ништо друго. Секој индикатор има свои добри и лоши страни и за различни пазари дава различни резултати. Најважно е да го препознаете пазарот на кој одреден индикатор би имал поголем или помал успех и соодветно со тоа повеќе или помалку да го земете во обзир при донесување на одлуката за тргување.
Еден од основните индикатори е МА (moving average), што на македонски би се превело како движечки просек. Тоа претставува едноставно калкулирање на просечната цена за одреден број на минатите ценина затварањето на интервалот. За да се пресмета moving average, потребно е да се внесе променлива која му кажува за колку последни интервали треба да калкулира просечна вредност. Доколку е променливата 2 , тогаш moving average ќе биде пресметан за последните две вредности на цените на затварање на интервалите. Да претпоставиме дека цената на затварањето на првиот интервал Да претпоставиме дека цената на затвањена првиот интервал била 10 а последниот 12, тогаш просечната цена ќе биде пресметана како (10+12)/2 што ни дава резултат од 11. Кога ќе се заврши новиот интервал, од формулата се исфрла последниот интервал, сега оној кој бил последен (12), станува прв, а на последно место се внесува цената на затварањето на последниот интервал кој сега е 13. За новонастанатиот временски период moving average ќе биде пресметан со вредност од (12+13)/2 што дава резултат од 12,5 и така натака.

Пресметка на МА

Simple moving averageВредности кој се пресметуваат кај moving average се точките кој се одсликуваат на графиконот за кој зборувавме во минатата лекција и кој со своето спојување даваат линија на движечки просек за вредноста на цената во минатите n периоди колку ние ќе одлучиме. Постојат повеќе начини за пресметка на МА и овој кој ние го обработуваме се вика simple moving average, што би можело да се преведе како обичен или едноставен движечки просек. Покрај SMA постојат и други, како што се exponential moving average (EMA) и weighted moving average (WMA). Тие се базираат на идејата да се пресметуваат просечните вредности но не се става иста тежина на сите цени на затварање во дадениот период, туку сметаат дека е многу важно каде цената се затворила во дадениот период, исто така сметаат дека е многу поважно каде се затворила цената во последниот интервал , поважно од првиот интервал – кој е временски најоддалечен. За да ви биде појасно во пракса , ќе ви прикажеме графикон на кој е одсликан simple moving average, кој за пресметка на просечната цена ги превзема во калкулација последните 21 периоди, односно цените на движење на графиконот.

Сликата сама за себе нам не ни значи многу ако не знаеме да ја читаме и да ги препознаеме сигналите кој ни ги пружа индикаторот. Индикаторот moving average е индикатор кој укажува на тренд, па затоа неговата основна улога е да прикаже дали станува збор за растечки или опаѓачки тренд. Доколку цената е под moving average, тогаш е во прашање опаѓачки тренд, што е прикажано на Сликата 3. .

Simple Moving Average - trendovi

Во тргувањето е најважно да бидете на страната на трендот, во што овој индикатор може да ви помогне. Не е важно само да бидете во складот со трендот, туку и да влезете во позиција на почетокот на трендот, а не на неговиот крај. Двете ставки може да ви ги прикаже индикаторот и тоа на многу едноставен начин. Транзицијата од едниот тренд во друг тренд претставува пресекување на цените и на moving average. Доколку цената го пресекува МА одоздола па нагоре и останува преку МА, тогаш претставува почеток на опаѓачки тренд и овој момент го користите за влез во short позиција. Влез во long позиција е претставен на сликата 4, а влез во short позиција е претставен на сликата 5.


 

Колку долго да останете во позицијата?

Во секоја од позициите остануваме се додека не дојде до промена на трендот, кога ја затвараме постоечката позиција и влегуваме во спротивна. Што значи, ако прво сме влегле во long позиција, по промената на трендот ја затвараме и во исто време отвараме short позиција. Како што можете да видите, дури и да не знаете ништо друго покрај следење на трендот и да користите SMA индикатор во донесувањето на одлука кога да влезете во long а кога во short позиција, би имале шанси за профит. Во секој случај, како што рековме, секој индикатор има свои добри и лоши страни и на вас е да се запознаете детално со тајните на неговото користење за вашите резултати да бидат се подобри. На сликата 6 сами пробајте да воочите дали по прикажаното каде би влегле во long а каде во short позиција и пресметајте колкава би била вашата заработка во тој трејд.

<<Содержина<<                                                        Следно: >>Фигури во техничката анализа>>

Целиот материал на овај сајт е сопственост на компанијата International Trading School d.o.o. и неможе да биде користен без дозвола.Тргување на девизниот пазар носи ризик од губење на средства кој може да биде и поголем од почетниот улог. Ова не е погодно за сите инвеститори и потребно е да ги разберете ризиците кој постојат во целост, како и, доколку е тоа потребно, да се обратите за стучен совет и мислење.

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map