English Srpski Македонски 10. 10. 2025.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

Предвидување на девизните курсеви


Во предвидувањето на девизните курсеви и цени на останатите финансиски инструменти едно е сигурно,никој неможе со 100% сигурност да знае каде ќе се движи пазарот во наредните 60 минути, а камоли во наредните месеци.

Во тргувањето со валути важи едно многу едноставно правило кое ги дели успешните од неуспешните трејдери: успешни се оние кои знаат да го препознаат вистинскиот момент за купување на на одредена валута чија вредност има поголема веројатност да расте отколку да паѓа, а потоа ја продаваат по поголема цена од куповната и на тој начин остваруваат одреден профит со вкалкулиран ризик кој го сноселе со самото влегување во таа позиција. Тоа што е важно да се сфати е дека професионалниот трејдер влегува во позиција не затоа што 100% знае како ќе се движи цената, туку затоа што односот помеѓу ризикот и веројатноста се поволни за позицијата која сака да ја завземе.

Повеќето луѓе преферираат да превземат одредени чекори, дури откако се 100% сигурни во исходот. Морам да ве разочарам, потполна сигурност во исходот е толку мала во реалниот живот и затоа се толку малку успешни луѓе и и успешни трејдери. Ако сакате да бидете успешни во тргувањето, мора да го поднесете ризикот да бидете особа од акција. Ако сносите ризик незначи и дека ќе успеете, бидејќи ако е така сите коцкари би биле успешни. Ќе успеете единствено ако вкалкулираниот ризик е далеку помал од потенцијалот кој ви го нуди дадената позиција. Покрај ризикот кој го одредувате и кој сте спремни да го поднесете, морате внимателно да одберете позиција со голема веројатност за остварување на вашиот план и да бидете воздржани се додека не се укаже таква прилика. 

Тргување со веројатност

Ова е момент да сфатите дека во тргувањето со валути вие тргувате со веројатности и ако почнете со таков став, многу полесно ќе ви биде да опстанете во овој или во било кој друг бизнис. Не постои сигурен бизнис или сигурен „сигнал„! Постојат „сигнали„ кои ви даваат голема или мала шанса да предвидите што ќе се случи во краток или подолг рок. Тоа што можете единствено да го контролирате и предвидите е, ако се појде како што нетреба, колку сакате максимално да изгубите и тоа е многу важна ставка во планирањето на вашето тргување.
Во зависност од тоа што ви е цел: дневно, свинг или позиционо тргување, адекватно ќе ставате акцент на одредени сигнали и временски интервали. За да можете да ги препознаете сигналите на валутниот пазар, мора да научите како да користите некои од анализите кои во тоа можат многу да ви помогнат. Во тргувањето со валути постојат два вида на анализа, а тоа се ФУНДАМЕНТАЛНА и ТЕХНИЧКА анализа кои успешните форекс трејдери секојдневно ги применуваат. Со помош на овие анализи вие секојдневно го следите своето валутно окружување и одлучувате кога некоја валута да купите односно продадете, во зависност од вашата стратегија и сигналите добиени со дадените анализи. 

Фундаментална анализа

Fundamentalna analiza

Оваа анализа претставува активно следење на фундаментите на една валута, како што се економските индикатори на земјата, политичката ситуација во земјата и регионот, природните ресурси и луѓе. Секој дел од фундаментите влијае на валутата на таа земја и придонесува таа валута да вреди повеќе или помалку во однос на други странски валути,па секоја измена на било кој фундамент е важна, како навремено би се лоцирала и адекватно анализирала, а се со цел да се предвиди можноста од промена на вредноста на валутата. Тоа што професионалниот Форекс трејдер мора да знае е како, со кој интензитет и брзина секој поединечен фундамент може со својата промена изолирано или групно да влијае на промена на курсот на дадената валута во однос на водечките светски валути.
Еден од фундаментите на валутите кој е исклучително важен за Форекс трејдерот е каматната стапка, бидејќи нејзината промена може значајно да предизвика раст или пад на одредена дадена валута во однос на другите. Тоа е еден од сигналите. Доколку изолирано следиме само еден индикатор, како во случајов каматната стапка и ако дојде до зголемување на истата на одредена валута, многу е веројатно дека вредноста на таа валута ќе има тенденција на раст во однос на други валути чија каматна стапка останала непроменета. Исто така е значајно при оваа анализа да ги следиме и врзаните индикатори, како што е инфлацијата во дадената земја која директно влијае на и ја одредува нашата релативна камата. Доколку претпоставиме дека инфлацијата останала непроменета или се намалува, тоа ни дава уште појак сигнал дека валутата може да има тенденција на раст и трејдерот доследно на својата стратегија треба да реагира на овој сигнал. Нареден сигнал е и политичката ситуација во една земја. Нестабилната политичка ситуација во една земја предизвикува одлив на инвеститорите од една во друга земја, што како резултат креира зголемена понуда на валутата на земјата која која минува низ нестабилна политичка ситуација, бидејќи инвеститорите сакаат својот капитал да го претворат во некоја од стабилните водечки светски валути, што директно влијае на ослабувањето на дадената валута.

Техничка анализа

Tehnička analiiza

Ова е анализа која ја проучува историјата на цените кои се претставени на графови. Техничката анализа не се занимава со фундаментални фактори, бидејќи смета дека сето тоа е веќе проучено и дека реакцијата на фундаментите веќе се одсликала на понудата и побарувачката на пазарот, што е адекватно на на тоа одсликано на историјата на цените на графот. Техничката анализа се состои во тоа што на графовите се проучуваат одредени елементи, како тренд на движење на цените, волумен, важни линии (нивоа на цени) кои можат да бидат или линии на поддршка или на отпор, фигури кои се формираат и кои можат да индицираат продолжување или пресврт на трендот и на крај анализа на повеќеструки технички индикатори кои се оцртуваат на самиот граф или под него.
Кај техничката анализа е важно константно да се следат графовите на валутите и да се цртаат поважните линии, што може да даде сигнал дека моменталната цена на валутата се наоѓа на ниво кое може да ви помогне да одлучите дали дадената валута треба да ја купите или продадете. Кај техничката анализа, како и кај фундаменталната, добро е да се имаат повеќе врзани индикатори кои ни даваат исти сигнали за одлука, благодарение на што веројатноста на нашето предвидување се зголемува.
Еден пример на техничка анализа е „Moving Average„ или движечки просек. Во оваа анализа се пресметува просечната цена во одреден период и доколку е моменталната цена помала од просечната, трејдерот знае дека валутата е во опаѓачки тренд, а доколку е моменталната поголема од просечната, дека е валутата во растечки тренд. Моментот во кој доаѓа до поклопување на моменталната со просечната цена на валутата, сигнализира дека може да дојде до промена на трендот. На сигналот каде моменталната цена почнува да станува повисока од просечната, трејдерот ја купува дадената валута и обратно, кога моменталната цена станува пиомала од просечната, ја продава валутата. 

Што користат активните трејдери?

Секој трејдер би требало да ги користи и фундаменталната и техничката анализа, со тоа што при одредени стратегии предност и се дава на техничката анализа. Активниот трејдер кој купува и продава свои позиции во рок од еден ден, како своја примарна анализа ја користи техничката, бидејќи трејдерот решава да влезе и излезе од позиција во рок од неколку минути до неколку часови и тоа по неколку пати на ден. Кај „свинг„ и „поситион„ стратегијата, каде една позиција држи најмалку два дена до неколку месеци или година, техничката и фундаменталната анализа можат подеднакво да бидат застапени во процесот на одлучување.
Адекватното користење на различните анализи зависи од стратегијата која ќе ја применувате во тргувањето и неопходно е да ја совладате и техничката и фундаменталната анализа како во потполност би го разбрале тргувањето со валути.

 

<<Содржина<<                                              Следно:>>Candlestick grafikoni -"ЈАПОНСКИ СВЕЌИЧКИ">>

Целиот материал на овај сајт е сопственост на компанијата International Trading School d.o.o. и неможе да биде користен без дозвола.Тргување на девизниот пазар носи ризик од губење на средства кој може да биде и поголем од почетниот улог. Ова не е погодно за сите инвеститори и потребно е да ги разберете ризиците кој постојат во целост, како и, доколку е тоа потребно, да се обратите за стучен совет и мислење.

 

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map