English Srpski Македонски 10. 10. 2025.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

Candlestick графикони -"ЈАПОНСКИ СВЕЌИЧКИ"


За да продоложите понатаму со обуката за трговци на Форекс берзата, мора да ја совладате оваа вештина!

Во минатиот текст „Предвидување на девизните курсеви„ тема беа анализите кои трејдерите ги користат со цел предвидување на девизните курсеви и носење на одлука за тргување. Техничката и фундаменталната анализа се основи за секој трејдер, но за оние трејдери кои својата стратегија ја засноваат на активно тргување најголемо влијание за донесување на одлуките има техничката анализа. За да можете да ја разберете техничката анализа мора да бидете"писмени" за читање на графовите со помош на кои се претставува историјата на цената на валутата. Постојат повеќе видови на графови, но оној кој е најсликовит и кој најчесто се користи во професионалното тргување е "канделстик" или "свеќички".
 

Темели на графичко претставување 

Се верува дека почетокот на графиконот "свеќички" датира од 1600 година. Околу 1700 год., Мунеши Хома, трговец со ориз од богато семејство, ги проучувал сите аспекти на тргувањето, од фундаменталните, како што е времето па се до психологијата на пазарот. Подоцна тој доминирал на пазарот со ориз и се стекнал со големо богатство. Неговите трговски вештини, техники и принципи еволуирале во методологија на графикон со свеќички, кој го користеле јапонските технички аналитичари од почетокот на јапонскиот пазар на акции во 1870 год. и по тоа овој облик го добил името "јапонски свеќички", но и поради изгледот кој асоцирал на свеќи со фитил.
Свеќичките се една од можните варијанти за претставување на цените на графиконот. Една свеќичка опфаќа четири информации: OPEN - цена на отварањето, HIGH - највисока цена, LOW - најниска цена и CLOSE - цена на затворањето во дадениот временски интервал, се мисли на одреден временски интервал во кој се сите цени групирани и од нив издвоена секоја од горе наведените. Временскиот интервал може да биде по ваш избор, но тоа е 1, 5,15 или 60 минути, ден, недела или месец. Свеќичката се состои од тело и фитил. Телото може да биде полно или празно, односно со светла или темна боја. Доколку телото е растечко, тогаш цената на отворањето е на долната линија на телото а затворањето на горната линија на телото. Доколку е телото опаѓачко, тогаш цената на отварање е на долната линија на телото. Вообичаено зелената или сината боја претставува растечко тело, а црвена или црна опаѓачко тело. 

Како тоа изгледа во пракса?

Japanske svećice

На сликата бр.1 можете да видите како изгледаат растечката и опаѓачката свеќичка. Растечката свеќичка ни говори дека трендот е моментално растечки и дека цената на отворање е пониска од цената на затварање. Исто така можеме да видиме и на кое ниво е постината во тој временски интервал и највисоката и најниската цена, бидејќи тоа ни го прикажуваат краевите на горната и долната страна на свеќичката. Кога ќе ги совладате основите на читање на овие графикони, лесно ќе можете да преминете на препознавање на трендовите и некои битни фигури кои ја формираат "свеќичката". Важно правило во тргувањетое да тргувате во правецот на трендот,што во трејдерски жаргон се нарекува „Trend is your friend", или ако знаете да го препознаете трендот и се позиционирате во негов правец, вашата инвестиција има поголеми шанси да се зголеми.
Трендот може да биде растечки или опаѓачки. Растечкиот тренд е едноставно константно освојување на повисоките врвови и дна, а опаѓачкиот е константно освојување на пониските врвови и дна. Доколку дојде до разбивање на еден од трендовите, тогаш потенцијално доаѓа до консолидација или промена на трендот. Најдобрите позиции се завземаат при консолидација или промена на трендот или во неговото прдолжување, па е клучно важно оваа вештина на препознавање добро да ја усовршите. 

Svećica "dodži"Едно е да препознаете тренд, а друго е да препознаете промена на трендот, со што може да го испуштите најдобриот момент за тргување и секој ваш задоцнет влез да претставува се поголем ваш ризик. Колку подолго трендот трае, толку е поголема веројатноста дека ќе се смени, ќе влезе во контракција или консолидација. Потенцијалната промена на трендот на овие графикони може да се препознае по обликот „dodži". Секоја „dodži" свеќичка е единствена по тоа што има исклучително мало тело, односно распонот на цените на отворање и затворање во дадениот временски интервал.

Tipovi trendova - Bull i Bear

 Ð¨Ñ‚о значи тоа? Во трендот секогаш постои една страна која ево примат и го контролира маркетот,тоа се растечките купци или во жаргон Bull market или бикови, додека во опаѓачкиот тренд се продавачи кои го контролираат маркетот и се нарекуваат Bear Market или мечки. Во моментот кога борбата помеѓу биковите и мечките ќе биде изедначена, доаѓа до застој во движењето на цени и до потенцијална промена на трендот. Токму тој застој на пазарот е одсликан со мало тело на свеќичката, бидејќи нема голема разлика помеѓу нивото на отварање и нивото на затварање во дадениот временски интервал.

 

 

Тргување во канал

Доколку ги совладате препознавањето на трендот и неговото потенцијално менување на правецот, на добар пат сте да завземете позиција која ќе ви обезбеди поголема веројатност вашиот трејд да биде успешен. Наредна вештина на препознавање е консолидација на маркетот. Консолидацијата на маркетот е период кога цената се движи во хоризонтален канал и постојано се обидува да излезе од него, но по секое лажно мало пробивање повторно се враќа во него.
Во тие ситуации е мноку важно да го оцениме распонот на каналот кој претставува највисока и најниска цена и доколку е помала од 30 пипса е опасно место за тргување. Тргувањето во канал е омилено место за професионалците, но за почетници кои немаат доволно искуство во овие ситуации може да биде многу депресивно и погубно, посебно за нестпливите кои сакаат да влезат во трејд пред каналот да се пробие, да се дефинира оверката на пробивањето и креира нов или продолжување на стариот тренд. На сликата 5 може да се види еден хаотичен повеќечасовен канал во кој е опасно да се тргува се додека не се проби и дефинира растечки тренд. Би било добро секој кој ќе почне да се бави со овој бизнис себе да си одвои барем три месеци усовршување во читање на графикони и во анализи на ситуации со помош на техничка анализа. На сликата 6 претставен е односот помеѓу EUR и USD во неделен временски интервал во минатата година, на кој би можеле да ги препознаете трендовите и да оцените дали нешто би можеле да заработите со своето „swing" тргување.

Slika 5 - Horizontalni kanalSlika 6 - Grafikon EUR/USD

<<Содржина<<                                          Следно: >>Индикатори во техничката анализа>>

Целиот  материал на овај сајт е сопственост на компанијата International Trading School d.o.o. и неможе да биде користен без дозвола.Тргување на девизниот пазар носи ризик од губење на средства кој може да биде и поголем од почетниот улог. Ова не е погодно за сите инвеститори и потребно е да ги разберете ризиците кој постојат во целост, како и, доколку е тоа потребно, да се обратите за стучен совет и мислење.

 

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map