English Srpski Македонски 10. 10. 2025.  
 
 
Насловна Профил на компанијата Курсеви Forex Едукација Клиенти FAQ Кариера Контакти  
 
Chicago:    New York:    London:    Belgrade:    Moscow:    Tokyo: 
  ITS школа
Пријава за курсеви
Малата школа на FOREX
Опис на курсевите
  Форекс тргување
Отварање на DEMO налог
Отварање на LIVE налог
Уплата/Исплата
Превземање на софтвер
Спредот
CFD (метали, нафта, индекси, commodities)
Дневне анализе
  ITS вести
 

Важно – Надокнада за неактивни сметки
Од 1. Март 2012 година, сите неактивни сметки преку Forex.com ќе биде наплатена месечна надокнада од 15 $.

Детално>>



Интервју со Драган Бергер во Економија&Бизнис
19.10.2011.

Непосреден повод за ова интервју е обуката што ИТС ја организира во просториите на Cтопанската Комора на Македонија во октомври оваа година.

Подетално>>

Потпишан ексклузивен договор со ACI Macedonia
06.10.2011.

Денес е потпишан договор за соработка со ACI Macedonia и најавен е семинар во Скопје за средината на Ноември. Подетално>>

 
 

Што е техничка анализа?


Техничката анализа служи за предвидување на идните движења на цените на основа на податоците од порано. Повеќето трејдери користат техничка анализа со што би добиле поширока слика за случувањата на пазарот. Дури и оние кои поддржуваат фундаментална анализа, од време на време, ја погледнуваат оваа анализа како би виделе дали купуваат по коректна цена, продаваат на цикличниот врв (cyclical top) или влегуваат на нестабилен пазар.

Техничките аналитичари секогаш поставуваат неколку клучни постулати:

  • Сите пазарни фундаменти се одржуваат на вредноста на цената. Расоположението, разликите во мислење и други пазарни фундаменти нема потреба да се проучуваат.
  • Историјата се пофторува во редовни, релативно предвидливи обрасци. Овие обрасци кои го создаваат движењето на цените, се нарекуваат сигнали. Целта на техничкиот аналитичар е да ги открие овие сигнали проучувајkи ги оние од минатото.
  • Цените се движат во трендови. Техничките аналитичари веруваат дека флуктуацијата на цените не е случајна и непредвидлива. Кога еден тренд ќе се воспостави тој обично ќе трае одредено време.

КАКО ДА СЕ ВЛЕЗЕ И ИЗЛЕЗЕ ВО ВИСТИНСКИ МОМЕНТ

Техничката анализа може да ви даде дисциплина и да ви го намали емотивниот момент од вашето тргување. Понекогаш може да биде тешко да се надмине впечатокот кој го даваат фундаментите и да се сконцетрирате само на влезните и излезните вредности кои се планирани. Техничката анализа тука помага да го согледате својот план на тргување објективно и без емоции.

ВИДОВИ НА ГРАФИКОНИ

СТОЛБНИ ГРАФИКОНИ (Bar)

Најкористениот тип на графикони со кој се прикажува активноста на цените.Секој столб представува некој период од времето-тој период може да биде од 1 минута па се до неколку години.Со времето,столбните графикони ги прикажуваат јасните обрасци на цените.

„ЈАПОНСКИ СВЕЌИ„ (Candlestick bars)

Наместо едноставните столбови, секоја „свеќичка„ ја прикажува највисоката, најниската, отварачката и затварачката цена за одреден временски период. Како времето одминува така „свеќичките„ ја прикажуваат мошне деталната слика на промените.

Point & Figure

Овој тип на графикон има сличност со столбниот само што тука „Ð¥„ и „О„ се користат за да се означат промените во движењето на цените. Исто така тука се користат и временски опсези како одреден ден би се врзал за одредена вредност.

ТИПОВИ НА ТЕХНИЧКИ ИНДИКАТОРИ

ТРЕНД

Тренд индикаторите помагаат во полесниот приказ цените така горните, долните или странични трендови можат лесно да се воочат (на пр. движечки просек, линии на трендот....).

СНАГА

Индикаторите на снагата го опишуваат интензитетот на ставот на пазарот за одредена цена проучувајќи ги позициите кои учесниците на пазарот ги завземаат. Волуменот или вкупниот број на отворени опциски договори се основни индикатори на силата.

ВОЛАТИЛНОСТ

Волатилноста се однесува на опсегот на дневните флуктуации на цените,без обзири на трендот. Промените во волатилноста имаат тенденција да најават промена на цената.

ЦИКЛИЧНОСТ

Индикатори на цикличноста претставуваат повторувачки обрасци на пазарот како што се годишно доба или избори. Индикаторите на цикличноста го одредуваат тајмингот на пазарните обрасци.

ПОДДРШКА/ОТПОР

Поддршката и отпорот ги опишуваат нивоата на цените во кои пазарот константно расте и паѓа и обратно. Овој феномен се поврзува со основните принципи на понуда и побарувачка.

МОМЕНТУМ

Индикаторите на моментумот ја одредуваат силата односно слабоста на некој тренд во проток на време. Моментумот е најголем кога трендот почнува, а најнизок кога трендот се менува. Кога цената и моментумот ќе се разминат, тоа се нарекува слабост. Ако се случи екстремна цена со слаб моментум, тоа означува крај на движењето во тој правец. Ако е трендот на моментумот јак а цените мируваат, тоа е техничка назнака за потенцијални промени во движењето на цените.

 

PrethodnoИстекување на CFD договори
Техничките индикаториNext

Оригиналниот текст е превзамен со дозвола от Forex.com. Адаптација - International Trading School d.o.o. Белград 

Насловна About us Contact Privacy statement Risk Warning Site map